Избегнете ги стомачните проблеми кога патувате

Најчестиот здравствен проблем кај патниците од целиот свет е вознемирениот стомак. Илјадници и илјадници туристи секоја година се соочуваат со уништени патувања и одмори токму од оваа причина. Прочитајте што можете да сторите за да ги спречите непријатностите кога патувате…

sick-stomach-flu-400x400На почетокот, уште пред патувањето, важно е да ја избегнувате храната што може да ви создаде мачнина и потешкотии кога патувате, бидејќи по пристигнувањето тоа може многу лесно да прерасне во нешто посериозно и да завршите со вознемирен стомак. Исто така, на денот пред заминувањето, не јадете ништо што лично вам ви е тешко за варење или знаете дека може да ви предизвика неудобност.

Откако ќе пристигнете на дестинацијата, без разлика дали се работи за егзотична земја или пак за земја многу слична на нашата, има неколку основни правила кои треба да ги следите, за да не заглавите во тоалетот најголем дел од одморот:

Секоја храна што ја внесувате треба да биде добро зготвена или излупена;

Водата во туристичките места најчесто не се пие, а возможно е да има присуство и на бактерии – затоа, не ја користете за миење заби, миење на овошје или зеленчук и сѐ друго што ќе биде внесено во вашиот дигестивен тракт, а претходно нема да биде термички обработено;

Прочитајте и:  Што вели науката: Дали хималајската сол е измама?

Внимавајте кога нарачувате пијалаци со мраз – мразот многу често се прави од водата која не е наменета за пиење, бидејќи е поевтино;

Кога купувате овошје и зеленчук, добро измијте ги и потоа излупете ги;

Бидете особено внимателни кога купувате храна од улични продавачи. Добар дел од нив се чисти и храната е сосема безбедна, но никогаш не се знае;

original

Секогаш носете си лекарства со себе, кои ќе ви помогнат ако се случи да ви се вознемири стомакот. Земајте ги според упатството, бидејќи претераната употреба може да предизвика контра ефекти;

Една од најголемите опасности при вознемиреност на стомакот е опасноста од дехидрација, којашто дополнително се зголемува во комбинација со топлото време. Ако се најдете во ваква ситуација, пијте течности, заедно со соли за рехидрација. Доколку симптомите не запираат повеќе од еден ден, побарајте лекарска помош.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -