Избегнувајте да одите во Јапонија, нема чипс

Откако две водечки јапонски компании кои произведуваат чипс објавија дека ќе го запрат производството, цените на популарните брендови на чипс во Јапонија скокнаа и до шест пати. Ваквата одлука на двата најголеми производитела се должи на големиот недостаток од компири.

Недостатокот, пак, се должи на овогодинешниот слаб род на компирите, кој се должи, пак, на тајфунот и поплавата што лани во август го погодија јапонскиот остров Хокаидо. Хокаидо учествуваше со 80% од вкупното производство на компир во земјата.

Испораките на компир изваден лани паднаа за 10% во однос на 2015-та година, соопштува јапонското Министерство за земјоделство.

Така, компанијата Calbee, која држи околу 73% од пазарот на чипс во Јапонија, ќе го запре производството на 33 артикли до крајот на април. Тоа, наведува Bloomberg, предизвика панично купување и трупање на залихи од чипс; цената на еден вид чипс со вкус на пица, на пример, порасна на околу 1.250 јени (околу 660 денари!). Вообичаената цена е помалку од 200 јени.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Иако се најдоа први на удар, тешко дека кризата ќе заврши со чипсовите. Со цени на компирот што се покачуваат за 20% месечно, многу е веројатно следни да бидат рестораните за брза храна. Лимитите што Јапонија ги има поставено за увоз, исто така нема многу да помогнат.

- Реклама -