Физичар соочен со плаќање казна за сообраќаен прекршок ја докажал својата невиност со математички научен труд за кој дури и добил и награда. Димитри Кријуков е физичар од Универзитетот од Калифорнија во Сан Диего кој соочен со судско рочиште за наводно незапирање на СТОП знак составил научен труд со наслов Доказ за невиност .
Трудот добил специјална награда од 400 долари кои авторот не морал да ѝ ги плати на Калифорнија. Аргументот на Кријуков е изграден врз основа на претпоставка дека три случајни настани се случиле во исто време и поради нив полицаецот поверувал дека го видел физичарот како прави прекршок иако тоа не се случило.
Тој напишал: „[Во овој труд] покажуваме дека ако автомобил запре на СТОП знак тогаш набљудувач, т.е. полицаецот, кој се наоѓа на одредена оддалеченост под прав агол од траекторијата на автомобилот мора да има илузија дека автомобилот не запира ако овие три услови се задоволени: (1) Набљудувачот не ја мери линеарната туку аголната брзина на автомобилот; (2) Автомобилот забавува по што забрзува релативно брзо; и (3) Има куса пречка во погледот на набљудувачот од надворешен предмет, т.е. друг автомобил, во моментот кога двата автомобили се во близина на знакот.”
Како што објаснува Physics Central, бидејќи полицаецот се наоѓал на околу 30 метри од крстосницата каде што се наоѓал знакот, „автомобил кој се приближувал на крстосницата со постојана линеарна брзина драстично ќе ја зголеми аголната брзина од гледната точка на полицаецот“. Физичарот дури и создал графикони кои покажуваат што се случило со неговата аголна брзина ако возел со константна линеарна брзина или ако запрел и повторно тргнал, што според него и се случило (тој всушност кивнал поради што закочил нагло).
Токму заради ова запирање предизвикано од кивање друг автомобил го попречил погледот на полицаецот. Кој е заклучокот на трудот? Полицаецот не е виновен но тој/таа погрешил/а бидејќи нивната „перцепција на реалноста не се одразувала на реалноста“. [Physicist writes mathematical study to avoid traffic ticket]