Избоден таткото на Јамал | NetPress


Мунир Насрауи, таткото на тинејџерската ѕвезда на Шпанија и Барселона, Ламине Јамал, бил избоден доцна во средата, објавија неколку шпански медиуми.

Шпанскиот весник La Vanguardia објави дека тој е во сериозна, но стабилна состојба.

Каталонската полиција ја води истрагата за нападот, но јавно не го коментираше инцидентот.

Тоа се случило во населбата Рокафонда во Матаро, околу 30 километри северно од Барселона, каде што пораснал Јамал и каде се уште живеат неговиот татко и баба.

Според очевидци интервјуирани од La Vanguardia, таткото на Јамал бил опкружен со група мажи додека го шетал своето куче. Настанала расправија, а тој бил избоден. Тој итно бил пренесен во болницата во Кан Рути.

На почетокот на оваа година Јамал стана најмладиот играч во историјата на Европското првенство со 16 години.

Тој веќе беше најмладиот што играше за Барселона и за Шпанија. Тој беше најмладиот голгетер во историјата на Ла Лига, Купот на Шпанија и неговата репрезентација.

Јамал, кој сега има 17 години, постигна гол против Франција во полуфиналето на ЕП, а потоа Шпанија продолжи во финалето и ја совлада Англија.

- Реклама -