Со 61 глас „за“, ниту еден против и еден воздржан, Собранието на РМ денеска го изгласа Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител.
Опозицијата не учествуваше во изгласувањето на Јовески за нов државен јавен обвинител.
Јовески има мандат на оваа позиција во траење од шест години, со право по завршувањето повторно да биде именуван.
Досега, вршител на оваа должност беше Лилјана Спасевска, која дојде на местото на Марко Зврлевски, кој беше разрешен на 17 август.