Неодамна, во издание на Институтот за македонска литература беше објавена книгата „Жени во македонската книжевност од XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски. Книгата, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или малку познати македонски жени со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“). На таков начин, се надминува сликата за немоста на македонските жени и ним им се овозможува како авторки да го заземат своето место во македонските книжевни канони.