Изложба „Македонска глаголица – Визуелни одрази“ на Лазе Трипков.

На изложбата се прикажани десетина графички дизајнирани плакати, инспирирани од македонската глаголица.

„Моите дела претставуваат одредена рефлексија на тоа што треба да значи самиот знак. Кога го погледнете плакатот, треба да се обидете да ја сфатите логиката зад него. Не станува збор за хиероглифски форми, туку за симболички претстави кои метафорично ја пренесуваат суштината на Библијата. Аз буки вједи, што значи дека тој што ги разбира буквите, знае да ги препознае зборовите и ќе биде поблиску до Бога, а со тоа и до животот. Во нашето време, кога животот е испревртен и оптоварен со технологии, тие доаѓаат со голема логика и смисла. Со широко и длабинско истражување, создадоа знаковен систем кој требаше да ги образува сите Словени“, вели Трипков.

За него, глаголицата не е само елемент во форма на изложба, туку и концепт што од три години е присутен во виртуелната реалност.

„Мислев дека начинот на кој што таа ќе комуницира со публиката ќе биде поинтензивен, дека ќе се доживее емоцијата која ја носи до секој поединец кој ќе го користи ова искуство. Со тимот на Галактик Омнивор ја развивме целата таа идеја. Заинтресираните имаа можност преку посебен уред да ја доживеат атмосферата од 9-ти век. Идејата е да се вратиме назад во 9-ти век со историски контекст, но поставена во современа димензија која ќе го приближи на нашите денешни согледувања. Со виртуелната реалност, сакаме да понудиме поинтерактивен пристап, покажувајќи дека уметноста и културното наследство одат рака под рака со технологијата. Ако не ги следиме напредокот во технологиите, ризикуваме да останеме во назадок“, заклучува авторот.