Во холот на Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”-Битола, e поставена изложба на 30 фотографии на планинарот Бобан Китановски. Изложбата е поттикната од проектот ,,Предизвик 12 Врвови”, идеја на планинарското друштво Трансверзалец-Скопје.
Овој проект се одржува веќе осум и пол години и неговата цел е да се планинари на помалку познати планини во Македонија, а воедно да се искачат и некои нивни врвови. Секој месец се искачува по еден врв на различни места во Македонија.