Во Галеријата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, утре во 20 часот ќе се отвори изложба со дела создадени на 9. Меѓународна радовишка ликовна колонија 2024.
На изложбата ќе бидат претставени триесетина уметнички дела од учесниците на колонијата, кои доаѓаат од Македонија, Турција и Бугарија.