Во просториите на Јавна соба вечер ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии на Александра Стеваноска, насловена „Познато-непознато“.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии со портрети на случајни улични минувачи, пејзажи и делови од архитектурата.
Фотографиите се направени во периодот од 2013 до 2015 година во САД и тоа во Њујорк, Сан Франциско и националните паркови Поинт Лобос, Њу Порт Бич и Кармел Бич во Калифорнија.