Изложба на слики – Три генерации ТАШКОВСКИ

Ликовните уметници Ристо Ристовски, неговиот син академик Васко Ташковски и внуката Лара Ташковска на 11-ти април во 19:00ч. во изложбениот салон на МАНУ, пред скопската публика ќе се претстават со 60-тина ликовни дела.

Ристо Ристовски, Прослава во прилепски села, 1979

Ристо Ристовски е роден 1912 г. во с. Нижополе, Битола. Со сликарство активно се занимава од 1976г. до 1982г. Во тој период насликал 314 слики во техника темпера.
Васко Ташковски е роден 1937г. во с. Нижополе, Битола. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1964г. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртеж и графика. Има реализирано 52 самостојни изложби и е добитник на 18 награди и признанија.

Лара Ташковска

Лара Ташковска е родена во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот сликарство. Таа е македонска современа ликовна уметница која работи во техниките масло, акрил и акварел и поседува приватно училиште за ликовни уметности – Ателје за цртање и сликање во Скопје.

- Реклама -