Изложбата “Escape room” на Бурџу Мусли во центарот за култура „Простор“ во Сплит

Во сабота на 8 јуни, во 20:00 часот во центарот за култура „Простор“ во Сплит, ќе биде отворена изложбта “Escape room” на Бурџу Мусли, минатогодишната добитничка на наградата ДЕНЕС.

Во рамките на нејзиниот едномесечен престој во Сплит, уметницата ќе ги претстави новите дела создадени специјално за оваа изложба, кои ја продолжуваат нејзината практика на истражување на женскиот идентитет, перцепцијата на женската сексуалност и нејзиното разбирање во патријархалните општества. 

Преку изложбата, Бурџу го покажува нејзиниот интерес за комбинирање различни медиуми: дигитална фотографија, колаж, видео, инсталација и дизајн на облека кои меѓусебно комуницираат за улогата на жената во општеството.

Изложбата останува отворена до 28 јуни, а може да се погледне во работните денови од 10 до 19 часот.

Прочитајте и:  Изложба на фотографии од личната колекција на царското семејство Романови
- Реклама -