Скалите се голема пречка за оние кои движат со помош на инвалидска количка.
За среќа, количката Scalevo ќе го промени тоа. Таа е иновација на десет студенти од Швајцарија, кои започнаа со изработка ланското лето. Осум од нив се дел од Федералниот институт за технологија, а останатите четири – од Универзитетот во Цирих.
Целта на овој тим од млади луѓе е да го подобри значително животот на лицата со инвалидност во светот. Првично тие мислеле да изградат робот кој може да се качува по скали, но потоа го промениле својот план. Количката е опремена со две тркала.
„Нејзиното движење на теренот се постигнува со систем, сличен на оној на Segway, со кој се добива балансирање меѓу двете главни тркала”, посочуваат авторите на уредот.
Дали ова може да биде иднината на инвалидските колички?