Изненадувачки или не? Откриено е каков секс сакаат 80 отсто од жените

Повеќе од 80% од жените велат дека реализацијата на сексуалните фантазии не ги исполнила нивните очекувања, па во „сценариото” и игрите често им недостасува интимност со партнерот. Откако пред две години на пазарот излезе „50 нијанси сива” милиони жени во светот ја открија магијата на садо-мазохистичките игри во кревет. Но ново истражување со учество на 50 000 жени стави крај на овој тренд во спалната соба.

Резултатите покажуваат дека повеќето жени денес копнеат за традиционален секс.

 

Еротскиот роман дефинитивно имаше влијание врз паровите. Пазарот регистрираше во тој период  80% скок во продажбата на секс играчки. Изгледа сепак жените се подготвени да ги фрлат помагалата  и да се вратат на ванила сексот. Една од причините е тоа што  две третини од претставничките на понежниот пол велат дека практикувањето  на вулгарни  фантазии не ги задоволило, како што очекувале, а една третина од испитаниците изјавиле дека им недостасува чувството за блискост и приврзаност со партнерот.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

- Реклама -