Израел го зголеми бројот на мобилизирани резервисти на 360 илјади

Израелската Армија го зголеми бројот на мобилизирани резервисти на 360 илјади, пренесоа израелските медиуми.

Главниот воен портпарол нагласи дека природата на воената кампања е без преседан и дека „сите опции се на маса“.

Синоќа Армијата погоди стотина цели на исламскиот Хамас, кој владее со Газа. Десетици илјади жители ги напуштија своите домови, бидејќи во воздушните напади беа погодени згради, вклучително и во станбената и комерцијалната област Римал во градот Газа.

Повеќе од 137 илјади Палестинци побегнаа во засолништата на ОН, а Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека медицинските материјали веќе се потрошени.

Хамас во моментов го гранатира јужниот крајбрежен град Ашкелон од Газа. Претходно терористичката група предупреди дека ќе го бомбардира Ашкелон во 17 часот по локално време како одговор на израелските воздушни напади врз Појасот Газа.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

МИА

- Реклама -