Израел: Хамас и натаму држи 184 заложници

Портпаролот на израелската Влада денеска соопшти дека бројот на заложници кои се уште се држат во заробеништво во Газа е 184, од кои 14 странци и 80 Израелци со двојно државјанство.

Израел и Хамас ги отворија прашањата во врска со списоците што се предадени за денешните потенцијални ослободувања.

Британските медиуми цитираат официјален претставник запознаен со разговорите дека „катарскиот тим работи со двете страни за да се реши проблемот и да се избегнат одложувања“.

Израел соопшти дека е подготвен да го продолжи четиридневното примирје доколку Хамас продолжи да ослободува заложници.

Еден израелски функционер за Ројтерс изјави дека на Хамас е да излезе со нов список од 10 заложници кои би можел да ги ослободи денеска во замена за дополнителен ден примирје.

Прочитајте и:  Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

„Тој процес може да биде продолжен најмногу за пет дена на постојното четиридневно примирје“, додаде функционерот.

Хамас и Израел во петокот почнаа да разменуваат заложници за палестински затвореници и оттогаш е во сила привремено примирје.

МИА

- Реклама -