Нападите во Либа, израелската армија потврди дека ги извршила во Сидон. Во Јемен нападите се извршени во Рас Иса и Худаида
Израел денеска продолжи со офанзива врз организациите кои ги смета за терористички, така што изврши напади на неколку локации во Либан, за кои тврди дека се упоришта на Хезболах, а изврши напади и во Јемен на локации за кои тврди дека се упоришта на Хутите.
Нападите во Либан израелската армија потврди дека ги извршила во Сидон, град кој се наоѓа на средина од границата помеѓу Израел и Либан. Во Јемен нападите се извршени во Рас Иса и Худаида.
Според Израел, нападите во Јемен се на локации преку кои се шверцувало иранско оружје, но и одговор на ракетните напади од страна на Хутите врз Израел.
Израел тврди дека големата воздушна операција вклучувала борбени авиони кои го бомбардирале и пристаништето во Худаида.
Либанското министерство за здравство соопшти дека досега има 24 жртви од нападите врз Сидон.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, изјави дека нивната порака е јасна – Израел не смее да биде чепнат.
„Нашата порака е јасна – за нас не постои место што не е достапно“,
изјави Галант.
Во текот на денот, реагираа и Хутите кои сметаат дека нападите од страна на Израел се резултат на Американско-англиската агресија, а Израел е само продолжена инсталација која служи да се прикрие моралната одговорност на овие две држави.
Израел и понатаму е на ставот дека секој напад е прецизиран, а последните во Либан се насочени кон уништување на значителни седишта и воени згради кои ги користи Хезболах.