Израел ја интензивира офанзивата на сите фронтови, Газа отсечена од било каков контакт со надворешниот свет

Газа е во мрак без никаква комуникација со надворешниот свет, изјавил очевидец во болницата „Жртвениците на Ал Акса“ во палестинскиот град Деир ал Бала за Си-Ен-Ен.

Според соговорникот на Си-Ен-ЕН, болницата примила неколку тела на убиени и уште повеќе ранети во интензивираното бомбардирање на централна Газа вечерва од страна на Израел. Очекувањата се дека бројот на жртви ќе расте.

Претходно и од палестинската Црвена Полумесечина (читај: „Црвен крст“) изјавија дека целосно изгубиле контакт со нивниот оперативен штаб во Газа и сите нивни тимови кои работат таму.

„Длабоко сме загрижени за способноста на нашите тимови да продолжат да обезбедуваат итни медицински услуги, особено што овој прекин го афектира централниот број за итни случаи ‘101’ и го попречува пристигнувањето на амбулантните возила до ранетите и повредените“, се вели во соопштението, кое следуваше откако палестинската телеком компанија која овозможува мобилен сервис и интернет во Појасот Газа соопшти дека интензивираните напади резултирале со комплетен прекин на телекомуникациските сервиси.

Прочитајте и:  Израел се согласи на примирје со Хезболах

И израелските воени сили потврдија дека ги интензивирале операциите, како што велат, на сите фронтови, сè до исполнување на целта – да се порази Хамас. Нападите на Газа Сити ќе продолжат, како и повиците до цивилите да го евакуираат југот, изјави портпаролот на ИДФ – адмиралот Даниел Хагари.

„Покрај офанзивните операции што ги спроведовме изминатите неколку дена, копнените сили на ИДФ ги прошируваат своите копнени операции вечерва. Стотици илјади ИДФ војници се насекаде околу границите на државата – во воздухот, на земјата, и во морето – да ја заштитат државата“, рече Хагари.

Вечерва Си-Ен-Ен успеале да исконтактираат неколку жители на Газа, кои изјавиле дека вечерашниве воздушни напади биле најинтензивни досега од почетокот на конфликтот пред речиси три недели.

- Реклама -