Израел со падобрани им испратил седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат.
„ На израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани им испорачавме околу седум тони вода. Системот ’наведувано снабдување’ е напреден оперативен систем што овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија“, напиша ИДФ на својот канал на мрежата Телеграм.
„Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна а во испораката го користевме товарниот авион „Шимшон“ “, додадоа од ИДФ.