Израелската армија ја потврди смртта на заложник во спасувачка операција

Израелската армија денеска потврди дека израелскиот заложник Сахар Барух,  киднапиран за време на нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, е убиен во спасувачка операција во Газа во декември.

Армијата соопшти дека го информирала семејството Барух дека нивниот син Сахар бил убиен во операција на специјалните сили на 8 декември.

Братот на Сахар, Ајдан, беше убиен во нападите на Хамас на 7 октомври, а неговите родители и двајцата браќа го избегнаа масакрот во кибуц во кој загинаа најмалку 85 лица.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -