Израелски офицер е тешко повреден во борбите со Хамас, соопштија ИДФ

Израелската армија повторно нападна стотици позиции на Хамас, соопштија денеска ИДФ, додека ги интензивираат своите копнени операции во Газа.

Според соопштението, борбени авиони бомбардирале повеќе од 450 цели во текот на изминатиот ден, вклучувајќи командни центри, набљудувачки пунктови и лансирни рампи за противтенковски ракети.

„Израелските борбени единици нападнаа терористички ќелии кои се обидоа да нападнат и испукаат противтенковски проектили“, тврдат ИДФ.

Истовремено, израелската армија соопшти и дека израелски офицер бил тешко повреден во текот на ноќта, кога бил погоден од минофрлачка граната во северниот дел на Појасот Газа.

„Уште еден израелски војник бил повреден во престрелка со терористите, исто така на север“, се вели во соопштението, алудирајќи на борбите со Хамас. „И двајцата се згрижени во болница“, додаваат ИДФ.

Прочитајте и:  Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан

Израел влегува во следната фаза од својата војна против Хамас во Газа од воздух, копно и море, изјави портпаролот на воените сили, Даниел Хагари, во видео обраќање ноќеска на „X“ (ака. Твитер).

Извор: МИА

- Реклама -