Израелските бомбардирања ги ставаат во опасност античките урнатини

Римските храмови во Баалбек во источен Либан веќе 2 милениума ги претставуваат квалитетот и убавината на римската архитектура.
Пред два дена, паркинг кој се наоѓа на само неколку метри од светското наследство на УНЕСКО беше погоден од израелски воздушен напад.
Овој напад, кој уништи и вековна отоманска зграда, беше опишан како главен ризик за овие историски локалитети. Археолозите тврдат дека војната меѓу Израел и Хезболах ќе предизвика непоправни штети на вековно стари локалитети.
„Баалбек е главното римско наоѓалиште во Либан. Не може да се замени ако биде бомбардирано“, изјави Греам Филип, професор по археологија на Универзитетот Дурам. „Тоа би било огромна загуба. Тоа би било злосторство“.

Од крајот на септември, Израел изврши илјадници воздушни напади врз Либан поради ескалацијата на војната против Хезболах, групата поддржана од Иран против која Израел војува повеќе од една година.

- Реклама -