Извлечени групите за Светското клупско ракометно првенство


Светската куќа на ракометот ИХФ ги извлече трите групи за Светското клупско првенство  кое ќе се одржи во Египет.

Група А: Веспрем (Унгарија), Замалек (Египет), Таубате (Бразил)
Група Б: Барселона (Шпанија), Ал-Ахли (Египет), Сиднеј Универзитет (Австралија)
Група Ц: Магдебург (Германија), Калеј (ОАЕ), Калифорнија Иглс (САД)

Настанот ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври, а бранител на титулата е Магдебург кој е шампион трипати во низа.

Само еднаш во историјата екипа која не е од Европа го освоила турнирот, тоа е во 2002 година кога триумфира Ал-Сад.

- Реклама -