Ја дочекале Нова година заглавени на панорамско тркало, цела ноќ

Осуммина добро расположени Французи се качиле на панорамско тркало во Рен (западна Франција), без ниту да претпостават дека Новогодишната вечер ќе им се претвори во пекол. Првите минути од 2019-та тие ги дочекале заглавени на тркалото на висина од 50 метри, откако механизмот среде возење се расипал и целото панорамско тркало запрело.

„Траеше долго, беше ужасно студено и застрашувачко“, вели 23-годишниот Антоан откако заедно со останатите спасувачите го спасиле со хеликоптер.

Спасувачите прво се обиделе да стигнат до заглавените со скали и друга опрема, но по неколку неуспешни обиди заклучиле дека тоа е преопасно, па повикале спасувачки хеликоптер.

Ако самата потреба од хеликоптер не зборува доволно за сериозноста на ситуацијата, тогаш можеби подобра слика ќе извлечете од времетраењето на целата таа несреќа. Имено, посетителите, кои сакале само неколкуминутно возење, се качиле на панорамското тркало на 31 декември во 20.30 часот. Безбедно се извлечени дури утрото на 1 јануари, во 4.00 часот.

- Реклама -