Ја разгневи јавноста: Бањал кученце во машина за перење

Властите во Хонгконг соопштија дека отвориле истрага за човекот што на Интернет објави фотографија од кученце, додека го пере во машина.

Сликата на малиот пес кој се бори да излезе од бубањот на машината, додека водата навира од сите страни, ги разгневи социјалните мрежи, но и јавноста.

Сопственикот на кучето рече дека ги објавил сликите за да го сподели својот метод за тоа „како најбрзо да испереш куче“. На прашањето во еден од коментарите „Загина ли кучето при перењето?“ тој одговорил кратко: „Да, сакаш да видиш?“.

Повеќе од 20.000 луѓе ја потпишале петицијата за да се спроведе полициска истрага. Според законите на Хонгконг, казната за суровост кон животните е до 3 години затвор и глоба од 26.000 долари. Иако станбениот простор во Хонгконг е ограничен и градот е густо населен, жителите се многу приврзани за своите домашни љубимци.

kuca-u-ves-masini-foto-fejsbuk-1410102876-563815[1]

- Реклама -