Ја скрати косата и се поправи 7 кила- Каква промена на младата убавица!

Ѕвездата од серијата ‘High School Musical’ Ванеса Хаџенс ја скрати косата, се поправила 7 килограми и доживеа трансформација како никогаш до сега. 2014-01-16 11_47_00-Drastična preobrazba Vanesse Hudgens u novom filmu 'Gimme Shelter' - Dnevnik.hr

Актерката Ванеса Хаџенс морала да се подложи на драматичната физичка трансформација за улогата во филмот ‘Gimme Shelter’ во која ја игра Епл, бремена 16-годишна бездомничка која наоѓа помош во градското засолниште.

Филмот е во режија на Рон Краус, а исто така глуми Росарио Досон во улога на нејзина мајка, и Брендон Фрејзер како нејзиниот богат татко на Вол Стрит кој никогаш не го запознала.

Co-stars: Vanessa plays pregnant teenager Apple in Gimme Shelter, while Rosario plays her abusive, drug addicted mother June

„Беше навистина забавно, бидејќи ретко добивате прилика за такво нешто. Се поправив 7 килограми, јадев се што сакам и ја скратив косата. Не жалам за тоа. Беше ослободување и ме потсети дека- ако можам да го направам тоа, можам да направам било што друго“, рекла Ванеса за американските медиуми.

Прочитајте и:  Омилениот нискобуџетен филм на Тарантино

2014-01-16 12_10_44-Drastična preobrazba Vanesse Hudgens u novom filmu 'Gimme Shelter' - Dnevnik.hr

Додала дека се обидела да биде погрда и да го смени стилот на одење, манирите и бојата на гласот.

Филмот ‘Gimme Shelter’ во средата беше премиерно прикажан во Лос Анџелес каде 25-годишната Ванеса се појави во долг црн фустан во кој изгледа сензационално.

2014-01-16 12_09_15-Drastična preobrazba Vanesse Hudgens u novom filmu 'Gimme Shelter' - Dnevnik.hr

 

- Реклама -