Џејк Вајт сними спот за Freedom at 21 (видео)

Џек Вајт сними нов видеоспот за песната Freedom at 21, која е една од најпопуларните нумери на неговиот прв соло-албум, Blunderbuss. Иако тој е рок-музичар, за потребите на најновото видео работеше со режисер познат по својата работа на рап и хип-хоп спотови.

Видеото е снимено под режисерската палка на Хајп Вилијамс, кога во текот на деведесетите години на минатиот век интензивно работеше со повеќе хип-хоп артисти, од Тупак до Миси Елиот, а неодамна ги режираше и видеоспотовите за Stupud Hoe на Ники Минаж и All of The Lights на Канје Вест.

Во спотот Џек бега од полицијата, откако ќе прекрши неколку сообраќајни правила. Го приведува секси полицајка и го носи во затвор, каде во шаблонскиот стил на повеќето спотови за рап песни, пее гледајќи во ѕид. На крајот успева да избега од затворот и влегува во брза и бесна трка со коли…

Песната Freedom at 21 е последниот сингл од неговиот деби носач на звуч Blunderbuss, кој беше официјално пуштен во продажба на 24 април. Албумот успеа да се искачи на првото место на повеќе музички топ-листи.

{youtube}s92smjLq_38{/youtube}

- Реклама -