Лондон, една ученичката (16) наводно се повредила додека јадела крем во кој што имало парчиња стакло, таа добила оштета од 30.000 евра.
Џејми Ли Мекадам, поточно нејзината мајка Наташа, ја тужела компанијата Фереро во Англија, производителот на Нутела.
Нивниот адвокат навел дека Џејми Ли се повредила откако јадела колач со Нутела. Подоцна истрагата покажала дека во Нутелата имало парчиња стакло кои што биле на дното од теглата.
Теглата со Нутела била произведена во Англија, а била купена од продавница во Ирска.
Адвокатот навел дека Џејми Ли доцна ги осетила парчињата стакло во устата и поради тоа била многу вознемирена, набргу потоа и се појавиле болки во стомакот.
Нејзината мајка ја одвела во болница, но на прегледот не биле откриени никакви траги од стакло, па затоа била пуштена на домашно лекување. Следниот ден болките повторно и се појавиле и таа морала да го напушти училиштето.
Судот пресудил дека инцидентот влијаел врз навиките на Џејми Ли и дека таа изгубила на својата тежина поради болки во стомакот, што предизвикало да не може да јаде нормално.
На крајот, судот со договор на двете страни донел одлука на Џејми Ли да и биде исплатена оштета со износ од 31.600 евра.Таа овие пари ќе може да ги користи откако ќе наполни 18 години.