Британците во „рацете“ на Индијците, велат дека 2019 може да се покаже како многу важна година за развојот на Jaguar, односно за тогаш е предвидено дебито на големиот кросовер на британската марка – J-Pace.
Тој ќе биде позициониран над F-Pace и ќе е директен ривал на BMW X7 и Mercedes GLS. Се уште нема официјална информација од Jaguar за проектот, но се претпоставува дека J-Pace ќе е базиран на Range Rover, но ќе има дизајн поинаков од оној на утврдените британски офроудери. Слично на Range Rover и тука можеме да очекуваме верзија на моделот со подолга база.
Изборот на мотори исто така не е точно одреден, но сигурно палетата ќе вклучува V6 и V8 мотори, како и plug-in хибрид. Освен тоа брендот планира да нуди и две спортски верзии, кои ќе носат ознаките RS и SVR.