Jaguar развива автомобил од класата GT4

Компанијата Jaguar почна со развој на тркачки автомобил од класата GT4, во чија основа ќе биде каросерија F-Type. Создавањето на моделот е доверено на едно од најголемите имиња во индустријата, Греам Хемфрис.

Британскиот конструктор е творец на прототипот BMW V12 LMR, кој во 1999 година ја освои 24 часа Ле Ман, како и на каросеријата Bentley Continental GT3. Во последните години Хемфрис учествува и во правење на хиперколата Valkyrie, која е заеднички проект на компаниите Aston Martin и Red Bull. Технички детали за Jaguar F-Type GT4 засега нема, но е познато дека со финансирањето на проектот се занимава британскиот мултимилионер, Џејмс Холдер, кој е основач на компанијата за производство на облека Superdry. Во 2016 година тој учествуваше во неколку круга од европскиот и британскиот шампионат GT4 зад воланот на Aston Martin Vantage.

Последниот тркачки автомобил од одделение GT развиен самостојно од Jaguar е алуминиумската изведба купе E-Type Lightweight. Тој е дизајниран во почетокот на 60-тите години на минатиот век. Во моментов компанијата учествува во шампионатот на Formula Е.

- Реклама -