Јака им душа на Кинезите со толку многу комшии (ГАЛЕРИЈА)

Дитрих Херлан е бразилски фотограф кој живее и работи во Хонгконг.

Хонгконг е едно од најгусто населените места во светот. Според податоците на Светска Банка од 2017-та, таму живеат 7.392 милиони жители, а според проценките за 2018-та, населението достигнува речиси 7.450 милиони жители. Густината на население се проценува на 6.777 жители на километар квадратен, со што Хонгконг е четврта област во светот по густината на населението.

Во фотосеријата на Дитрих Херлан, насловена „Urban Density“, која изобилува со фотографии на кои е прикажан бескрајот од колоритни и симетрични геометриски апартмани, јасно се гледаат сите овие погоре наведени бројки. Фотографиите се направени во Хонгконг и Макао, кој исто како и Хонгконг е посебен административен регион на Народна Република Кина и исто како и Хонгконг има огромна густина на населението. Еден поглед во нивните комшилуци и веднаш се поставува прашањето: Како ли воопшто живеат овие луѓе, меѓу толку многу луѓе?

Дитрих можете да го ѕиркате ТУКА.

Претходно слична фотосерија имаше и германскиот фотограф Мајкл Волф. Погледнете ја ТУКА.

- Реклама -