Јамал: Само еден клуб има поголеми шанси од нас за ЛШ

Барселона одигра извонредна сезона и се издвојува како еден од главните претенденти за сите три титули. Водечкиот играч во тимот,Ламин Јамал,потенцира дека верува во квалитетот на својата екипа и дека може да стигнат до крајот во сите натпреварувања.

Најталентираниот млад фудбалер во Европа даде изјава за „Ел Мундо Депортиво“, во која нагласи дека единствено Ливерпул го смета за поголем фаворит во Лигата на шампионите.

– Според мене, Ливерпул е единствениот тим кој може да се смета за позначаен фаворит од нас во Лигата на шампионите, бидејќи прв обезбеди место во следната фаза. Сепак,убеден сум дека можеме да се бориме за трофејот и да стигнеме до самиот крај. Мораме да веруваме дека играме најдобар фудбал, не само во Шпанија, туку и низ цела Европа. Немам намера да бирам помеѓу Ла Лига и Лигата на шампионите – целиме кон двете титули – изјави Јамал.