Јанева смета дека СЈО треба да стане дел од ОЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева смета дека треба да се најде решение за СЈО по истекот на мандатот во 2020 година.

Нејзин став е дека СЈО треба да стане дел од ОЈО, со оглед на тоа што Обвинителството за организиран криминал веќе презеде случаи од нив, со цел натамошна постапка и спроведување.

„И во оваа прилика би сакала да истакнам дека законскиот мандат на Специјалното јавно обвинителство не е изминат и од тие причини изразуваме уверување дека во пракса ќе се превземат мерки за целосна имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор усвоена од Владата на Република Македонија и дека во најскоро време и ова Јавно обвинителство ќе постапува согласно роковите предвидени во Законот за кривична постапка и Кривичниот Законик, што е неопходно потребно и за ова Јавно обвинителство во функција на успешно остварување на неговата основна цел и мисија“, вели Катица Јанева.

- Реклама -