Јанез Јанша ги разреши дилемите: Помошта од Словенија е испратена по барање на Мицкоски

Ден откако словенечката влада и словенечкото Министерство за одбрана соопштија дека ѝ испратиле помош на земјава „по барање на Северна Македонија“ во рамки на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и координацијата на сојузниците во НАТО, што дел од медиумите го протолкуваа како демант на инсистирањето на Христијан Мицкоски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека тој ги договорил маските, премиерот на Словенија Јанез Јанша денеска ја разреши дилемата преку Твитер.

„Веднаш по повикот од Христијан Мицкоски, кој ја извести Владата на Република Словенија за крајно лошата состојба во Македонија со коронавирусот, ги поврзавме Министерството за одбрана на Словенија и Министерството за внатрешни работи на Македонија и во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испративме помош на пријателска држава. Во исто време, лично повикав некои од лидерите во ЕУ да не ги забораваат државите од Западен Балкан“, напиша Јанша на Твитер, цитирајќи го и твитот во кој Мицкоски вели дека добиената помош е на негово барање.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ
- Реклама -