Јапoнија тестира нов телевизиски сигнал

Јапонска телекомуникациска компанија започнала да тестира со помош на интернет, нов вид на телевизиски сигнал, наречен 4К, кој би требало да биде четири пати појак од HD сигналот. Наскоро би требало да ги добијат првите резултати од преносот и доколку го оправдаат очекувањето, забрзано ќе се започне неговата дистрибуција.

Компанијата “NTT West” отпочнала со тестирање на нов вид на видео компресија, кое ќе трае до наредниов петок. Од компанијата истакнуваат дека е ова прв ваков пренос на количина на детали на слика од 1080 пиксели кои содржат висока дефиниција.

Овој тип на сигнал, ќе ја редуцира количината на потребни податоци, односно, овозможува емитерот да испрати сигнал со многу помалку податоци, а при тоа да не се намали квалитетот на сликата. Поточно, наместо да се испраќаат податоци кои ќе го опишуваат секој фрејм како посебен ентитет, кај 4К технологијата ќе се користи широка палета на алгоритми за анализирање на тоа како бојата ќе се дистрибуира на секоја слика и кои промени ќе се случуваат измеѓу секој фрејм. Тоа ќе овозможи непотребните податоци да бидат исфрлени, обезбедувајќи само информации кои ќе бидат потребни да се реконструира сликата.
7948347134_c67f2faa7c_z
Јапонија планира да биде прва држава која ќе го емитува 4к сигналот преку сателит, и тоа до 2014 година. Светското првенство во фудбал се претпоставува дека ќе биде пренесувано во новиот сигнал. Успешниот пренос на видео материјал со ултра висока дефиниција преку интернет најверојатно ќе отвори и многу други врати за нови технологии, како на пример холограмот.

- Реклама -