Министерството за транспорт на Јапонија денеска објави дека им упатило препорака на домашните авиокомпании кои користат авионите Боинг 787, во светло на трагичната несреќа со авион 787-8 на Ер Индија.
Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам ги повика компаниите „Ол Нипон Ервејс“, „Џапен Ерлајнс“ и нискобуџетната подружница на JAL, „Зипаир Токио“, да ги извршат потребните проверки на моторите и труповите на нивните авиони.
Во соопштението се нагласува дека операцијата на овие авиони продолжува и нема да биде прекината, како што пренесува јапонска новинска агенција.




