Јапонија: Шансите за Ла Ниња 60 проценти


Јапонската метеоролошка агенција во петокот објави дека има 60 отсто шанси климатскиот феномен Ла Ниња да се формира кон зимата на северната хемисфера.

Агенцијата, исто така, соопшти дека климата се вратила во нормала и дека во моментов не се случуваат ниту феномените Ел Нињо ниту Ла Ниња.

Ел Нињо е затоплување на температурите на површината на океаните во источниот и централниот дел на Пацификот. Ла Нина се карактеризира со невообичаено ниски температури на океаните во екваторијалниот Тихи океан и е поврзана со поплави и суша.

- Реклама -