Јапонската влада подарува 8 милиони куќи

Јапонската влада има малку необичен проблем – повеќе од 8 милиони куќи кои никој не ги сака. Владата, сакајќи да го намали трој број, е подготвена напуштените куќи во поодалечените краеви на земјата да ги продава за сосема мали суми, но и да ги подарува целосно бесплатно.

Главните причини за напуштање на куќите во Јапонија се природните катастрофи, но и желбата на старата популација да живее во станови, т.е. во градовите. Згора на тоа, во Јапонија многу значење им се придава и на проклетствата, па никој не сака да ги купи куќите во кои луѓе умреле со насилна смрт – таквите се сметаат за проколнати.

Во таква ситуација, за дел од куќите јапонската влада нуди дури и помош при реновирање.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Според Japan Times, 70% од граѓаните на Токио живеат во станови. Најголем дел од напуштените куќи се во руралните средини, но има и такви во близина на големите градови. Властите се надеваат дека интерес ќе пројават граѓаните кои се изморени од градскиот живот.

Од друга страна, се смета дека бројот на напуштени и непожелни куќи во Јапонија ќе продолжи да расте. Проценките се дека до 2033-та, во Јапонија ќе има над 27 милиони такви.

- Реклама -