Јапонскиот робот Киробо се јави од вселената

Киробо  е првиот  робот кој на 4 август беше испратен во вселената.

Малиот јапонски робот кој е со астронаутите и космонаутите во Меѓународната вселенска станица, се јави дома за прв пат од 370 километри над земјината површина. Видео записот, всушност е направен пред две недели. На него се гледа како Киробо зборува  во бестежинска состојба додека  станицата се движи со 27 600 километри на час околу планетата.

Екипата  која го  создала Киробо, тврди дека за прв пат во историјата машина проговорува од вселената. Со него ќе бидат извршени експерименти преку гласовни команди.

http://youtu.be/503RyBqDy_w

Прочитајте и:  Поларна светлина се гледа и во нашиот регион, што се случува со Сонцето?
- Реклама -