Јапонскиот стартап „Astroscale“ ја доби работата за чистење на орбитата на Земјата


Акциите на јапонскиот стартап „Astroscale“ поскапеа за цели 19 отсто во понеделникот, откако компанијата што врши операции во вселената објави дека ќе потпише договор вреден 73,4 милиони евра (12 милијарди јени) со јапонската вселенска агенција.

„Astroscale“ соопшти дека во вторник ќе потпише петгодишен договор со Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA) за отстранување на отпадот од орбитата на Земјата. Притоа, тие ќе развијат ново вселенско летало наречено „ADRAS-J2“, кое ќе го опремат со технологија за роботска рака за фаќање вселенски отпад. Целта е да се започне со собирање отпад до март 2029 година, се вели во соопштението на компанијата.

Вселенскиот отпад сѐ повеќе станува ризик за вселенските мисии, бидејќи бројот на сателити во орбитата драстично се зголеми. Најновиот случај во кој ризикот од вселенски отпад и сателити се судрија беше предизвикан од кинеска ракета која се распадна во вселената на почетокот на август, создавајќи повеќе од 700 парчиња нов отпад што сега орбитираат околу Земјата.

- Реклама -