Јапонските пензионери молат бога да одат во затвор

Сè повеќе пензионери во Јапонија на возраст од околу 65 почнуваат да се бават со криминал со единствена цел – да завршат во затвор.

Статистиките покажуваат дека во земјата веќе две децении системски расте стапката на криминал кај тие постари од 65 години. Причината не е само генералното забрзано стареење на јапонската популација, туку и нискиот стандард на живот меѓу пензионерите, кои единствениот начин да преживеат го гледаат преку криминалот или одењето во затвор.

Тошио Таката има 69 години и наскоро ќе биде на слобода, а го прекршил законот само за да конечно „да види живот“ зад решетки.

„Дочекав пензија и останав без пари. Тогаш ми падна на памет – можеби би можел да се ослободам од трошоците ако живеам во затвор“, објаснува Таката за BBC, раскажувајќи дека еден се качил на точак и заминал до најблиската полициска станица за да им соопшти дека нешто украл.

Планот „упалил“. Иако на Таката тоа му бил прв прекршок, јапонското правосудство случаите на ситни кражби ги сфаќа сериозно, па „крадецот“ бил осуден на година дена затвор.

Откако изминала годината со сите свои затворски „привилегии“, старецот решил дека му е потребен нов план, посериозно криминално дело, за следниот пат да остане подолго зад решетки. Па така, решил да им се заканува со нож на жени на улица.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

„Немав намера да ги повредам. Само им го покажував ножот, надевајќи се дека некоја од нив ќе повика полиција. Една од нив тоа и го направи“, раскажува Таката, кој во затвор ја тера својата осма година. Не дека во затвор нешто посебно му се допаѓа, вели, но има голема финансиска предност.

Најважната меѓу нив, вели Таката, е што сè уште добива пензија. Така, тој во затвор може бесплатно да живее, а кога ќе излезе, да има нешто заштеда.

Таката е само едно лице на растечкиот тренд во јапонското општество. Во 1997 година, 1 на 20 осуденици (5%) бил над старосната група од 65 години. 20 години подоцна, тој сооднос е зголемен на 1 од 5 (20% од осудениците).

Трендот е видлив дури и кога ќе се пресмета генералното стареење на јапонската популација, во која Јапонците постари од 65 години сега сочинуваат едба четвртина од популацијата. Од 2.500 луѓе постари од 65 години кои биле осудени во 2016-та, дури повеќе од една третина се осудувани најмалку пет пати. Најчести причини се ситните кражби. Главно крадат храна во вредност помала од 3.000 јени (нешто помалку од 1.500 денари).

via BBC

- Реклама -