Џастин Бибер три пати бил предупредуван од полиција поради преголема бучава

Дивото момче иако лесно ветил дека ќе се намали бучавата, набрзо продолжил по свое па полицијата дури три пати морала да интервенира на лице место.Тинејџерската ѕвезда ги иритира соседите со секојдневните и гласни забави на својот имот во Лос Анџелес. Тие одлучиле да им стават крај на тие забави на Џастин Бибер (19) и за време на неодамнешната забава била повикана полиција.

Иако им ветил дека ќе ја намали бучавата, сепак продолжил по старо и полицијата три пати му тропала на врата. На крај се здобил со пријава.

- Реклама -