Поради реконструкција на улицата во општина Кисела Вода, од 17 април се очекуваат промени во сообраќајот на автобусите на линиите 31 и 163, соопштува ЈГП. Измените ќе се одвиваат на улицата „Киро Фетак“, во близина на мостот, по вкрстувањето со „Герника 10“. Улицата ќе биде затворена за сообраќај во двата правци во текот на наредните шест месеци.
Во зависност од напредокот на градежните работи, автобусите ќе бидат пренасочени и ќе сообраќаат по нова траса преку булеварите „Србија“, „12-та Македонска Бригада“ и улицата „Горно Лисиче“, во двата правци.




