Легендарниот теренец може да се откаже од сите досегашни вредности и стандарди на кои се должи сета негова историја.
По последна информации од американската компанија, новиот Jeep Wrangler ќе биде радикално различен од својот претходник, пишува Worldcarfans. Новиот модел се очекува да излезе во 2016 година со значително полесна и сосема поинаку поставена конструкција. Овие податоци ги засилија шпекулациите дека Американците ќе заборават на вредностите и поединостите со кои го наметнаа непроценливиот офроуд углед на моделот?!
Извршниот директор на компанијата, Мајк Манли, одби да ја потврди информацијата пред Automotive News додавајќи: „Се наоѓаме во ситуација во која е предизвик да произведува автомобили со многу неисплатливи поединости, а тенденција е да станува уште потешко. Wrangler е интегрален дел од нашата ДНК, но во иднина ќе мораме да одговориме на сите стандарди кои ги наложува индустријата во моментов, па потребни се одредени зафати, кои не се дел од нашиот стил, но ни одат во прилог!“
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус