Пејачката Јелена Розга честопати сака да им посака „Добро утро“ на своите фанови или добра ноќ со неколку провокативни фотографии и на тој начин да добие бројни комплименти.
Овој пат беше поинаку.
На Фејсбук се пофали дека таа и нејзиниот дедо заедно го прославиле неговиот 95. роденден, а дека тој е човекот кој и дели животни совети.
Дедо ми секогаш вели: „Чувај го здравјето, не обрнувај внимание на лажни приказни и измислици, такви секогаш ќе има“, напиша пејачката и го освои интернетот.
Постарите секогаш имаат добри совети што подоцна сфаќаме дека вредат злато.