Jersey Shore најпосле завршува!

Една од најужасните телевизиски програми во историјата на овој медиум, феноменално лошото реално шоу Jersey Shore, беше откажано од MTV.

Некогаш одамна, на MTV имаше музички спотови. Потоа некој се досети дека М од името на телевизијата и не е толку важно, па започнаа да прават потпросечни реални шоуа кои ќе ги доловат најниските страсти на публиката. Оваа генијална пракса, во 2009 година на MTV го донесе шоуто Jersey Shore – приказната за тепање жени, ниско ниво на култура и образование и многу часови поминати во солариум.

Добрата вест е тоа што нивото на целокупната човечка култура ќе оди по надолна линија само уште една сезона и потоа малите екрани веќе нема да бидат тероризирани од Гвидо заедницата која научивме да ја мразиме од дното на душата. Лошата вест е тоа што како и сите венерични болести, така и Jersey Shore брзо се шири, па така постојат спин-оф серии, во кои дел од членовите на ова „легендарно“ шоу ќе ја продолжат својата дејност.

Но, на крајот запомнете – колку и на моменти животот да се чини тежок или неподнослив, таму некаде, постои човек, кој еден ден ќе мора да каже дека Снуки му е мајка.

- Реклама -