Јогуртот помага во борбата со повишениот крвен притисок

Јогуртот е корисен за здравјето, истовремено е и одличен извор на калциум и претежно го консумираме кога имаме дигестивни проблеми. Но, јогуртот има уште една важна позитивна карактеристика, а тоа е неговото влијание врз крвниот притисок.

Според истражувањето направено од Националниот институт за здравје во САД, секојдневното, постојано и активно користење на јогурт има особена улога во регулацијата на крвниот притисок.

Истражувањето опфатило 2.000 доброволци и сите на почетокот имале нормален крвен притисок. Биле поделени во две групи, едната група редовно консумирала јогурт, додека другата не. На крајот според резултатите, онаа група која редовно земала јогурт имала многу помалку случаи со хронична хипертензија, за разлика од оние кој кои јогуртот не бил вклучен во исхраната.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Според научниците, дури и мали дневни количини јогурт можат да влијаат врз регулацијата на крвниот притисок.  Во образложението истражувачите велат дека поради калциумот и протеините, јогуртот му овозможува на телото беспрекорна функционалност, бидејќи според горенаведеното истражување, луѓето кои редовно консумираат јогурт имаат за една третина помали шанси да заболат од хипертензија.

Најдобро е по една чаша јогурт да се консумира секој ден и доколку на тоа се додаде уште и редовна физичка активност, тогаш многу веројатно е дека добрата циркулација и здравиот кардиоваскуларен систем ќе ве придружуваат до длабока старост.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -