Јованчев: Екипата покажа победнички карактер


Одличен старт има кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија на Европскиот шампионат од Б дивизијата. на стартот во Скопје. Два натпревари, две победи. Задоволство во стручниот штаб предводен од Александар Јованчев.

„Задоволни сме од конечниот исход што е и најбитно во моментов. Со агресивна одбрана успеавме да го затвориме нивниот најдобар играч и да го задржиме на само четири поени. Апсолутно потфрливме во скок-играта. Дозволивме противникот да има 24 офанзивни скокови или вкупно плус 21. И тоа е нешто што не смее да се повтори. Знаевме дека Шведска добро го покрива рекетот и креиравме отворени шутеви за три поени, но не успеавме да влеземе во шутерски ритам. Освен тоа, реализиравме само 57% од слободните фрлања што е уште еден податок кој кажува дека имавме лош шутерски ден. Како и да е екипата покажа победнички карактер се одбрани и погоди кога највеќе требаше“, вели селекторот Јованчев.

Веќе в понеделник од 18.30 часот во СРЦ „Кале“ следува уште еден исклучително важен меч за македонските кадети – дуелот против репрезентацијата на Естонија.

- Реклама -