Културно-уметничката манифестација „Карпошово културно лето 2024“ ќе започне утре и ќе трае до 27 август, одбележувајќи го својот 15-ти јубилеј. Општина Карпош за оваа намена издвои 2,5 милиони денари, а плоштадот „Делфина“ во Влае ќе биде центар на деветдневната програма.
На „Карпошово културно лето 2024“ ќе настапат Националниот џез-оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара, придружени од солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски. Оваа година, фокусот е ставен на македонската културна сцена, со настапи само од домашни музичари, уметници и актери.