Иако никогаш не стекна репутација на автомобил на кој можеш да се потпреш, напротив – го сметаат за најлошиот автомобил некогаш произведен, сепак во ’80-тите години Југо-то стигна и до американскиот пазар, а се појави и во неколку успешни холивудски остварувања.
Денес сé поретко се сретнува на улиците, но тек тук ќе сретнете модификувани верзии на тркачките натпревари. Сепак, во САД и тогаш му се чудат. Реакцијата им е бесцената.
Едно такво Југо се најде на „drag“ трка (во која се мери само брзината) во САД, и тоа на мраз, но со GM LS V8 мотор со волумен од 5.3 литра, и нитро забрзување.
Резултатот е импресивен – со мотор од реномиран производител, Југо си ја враќа гордоста – достигнува брзина од ~100 милји на час (~160 км/ч) за само нешто помалку од 8 секунди.